Како што се доближува почетокот на мечот Португалија – Македонија, така и се вжештува атмосферата меѓу македонските навивачи кои допатуваа да ги бодрат нашите фудбалери во историскиот меч.
Популарната македонска „Фаланга“ стандардно на репертоарот ја има неофицијалната химна „Бисер балкански“, па овој легендарен хит ечи денеска и низ улиците на Порто.
Македонски навивачи има од цела Европа, па дури и од Лондон има фанови кои пристигнаа во Порто за денешниот меч.