Фетел најбрз на првите тестирања во Барселона

Себастијан Фетел извози најбрзо време на првите тестирања во Барселона во пресрет на стартот од новата сезона во Формула 1. Четирикратниот светски првак со 1:18.161 минути имаше најбрзо време, а возеше вкупно 169 кругови, најмногу од сите останати кои се најдоа на патеката во Монтмело.

Најблиску до времето на Фетел возеше Карлос Саинц јуниор, кој со својот Мекларен заостануваше само четири стотинки. Трето најдобро време имаше возачот на Хас, Роман Грожан возеше 1:19.159, што беше за три десетинки побрз од Макс Ферстапен и неговиот Ред Бул.

Првата петорка ја комплетираше Кими Раиконен во болидот на Алфа Ромео, а фнскиот возач дури двапати предизвика прекин поради излетување од патеката. И покрај проблемите, шампионот од 2007 година успеа да комплетира 100 кругови.

Актуелниот светски шампион Луис Хамилтон на патеката се задржа само 81 круг, а извози деветто најдобро време со 1:20.127 минути.

Првите тестирања во Каталонија ќе траат до четврток, потоа од 26-ти февруари одново ќе има подготовки кои ќе траат до првиот ден од март. Новата сезона во Формула 1 започнува на 17-ти март, со трката за Големата награда на Австралија.

- Оглас -

Најнови вести