Покрај одлуката да му се продолжи договорот на Милевски, Управниот одбор на ФФМ донесе одлука на две години да се суспендира Општинскиот фудбалски сојуз на Струмица поради грубо кршење на одредбите на Статутот на ФФМ.
Клубовите кои се членови на ОФС Струмица продолжуваат со натпреварувањето во тековното првенство во истиот ранг на натпреварување каде што се натпреварувале пред носењето на оваа одлука, а во сезоната 2024/25 во рангот каде што оствариле пласман.
Членовите на суспендираната членка нема да трпат спортски последици од изречената суспензија и фудбалските судии и контролори, членови на ОФС Струмица ќе продолжат со активно вршење на функцијата на листите, каде што тековно се наоѓаат согласно правилата за судии и судење.
До носење на наредна одлука, Комисијата за регистрација на ОФС Штип ќе ги извршува сите активности согласно своите надлежности и за клубовите и за фудбалерите членови на ОФС Струмица.