ФФМ и официјално доби нов партнер (Фото)

Фудбалската федерација на Македонија и официјално доби нов партнер во „Гранд Ауто“. Новото партнерство го презентираа претседателот ма ФФМ, Масар Омерагиќ, како и генералниот директор на „Гранд Ауто“, Дритон Заири.

ФФМ од ова партнерство ќе добие десеттина возила на располагање за своите потреби.

„Со тоа се гледа дека ги менуваме работите. Промените почнаа да се случуваат, ќе продолжат да се случуваат и се во интерес на македонската фудбалска репрезентација и за подобро функционирање на Фудбалската федерација на Македонија. Голема благодарност до ‘Гранд ауто’ и директорот Дрито Заири за оваа овозможена соработка. Се надевам дека сега ќе имаме еден пример како треба да се соработува. Како да се поамага во спортот и со тоа да покажеме дека сите имаме заеднички интерес и заедно да се радуваме на понатамошни успеси и да се надеваме дека сите заедно со ‘Гранд Ауто’ и граѓаните на Македонија ќе се радуваме на новите победи на нашата репрезентација“, истакна, покрај другото, Омерагиќ.

- Оглас -

Најнови вести