Фудбалската федерација на Македонија им се заблагодари на фановите кои во голем број се појавија на трибините во Вадуц, Лихтенштајн.
„Драги навивачи на македонската репрезентација,
Искрена благодарност до сите вас кои бевте нашата поддршка и сила во овие тешки моменти. Вашата посветеност и љубов кон македонската репрезентација ни значат повеќе отколку што можеме да напишеме. Вие сте инспирација.
Од срце ви благодариме за поддршката.
До следниот натпревар. Напред Македонија“, порачаа од ФФМ.