ФФМ ќе бара одложување на мечот со Косово

Фудбалската федерација на Македонија планира да побара од УЕФА одложување на мечот со Косово закажан за 26 март на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Проблем е што имаме фудбалери од високоризичните подрачја во кои има многу заразени со Коронавирусот.

Во Италија настапуваат Горан Пандев, Елиф Елмас и Илија Несторовски, кои според препораките, при доаѓање тука, ќе мора да поминат во 14-дневен карантин, што значи дека нема да можат да настапат во дресот на националниот тим.

И селекцијата на Косово има играчи кои настапуваат во Швајцарија и Италија, па ФФМ смета дека е логично да побара одложување од УЕФА.

Ако се игра на 26 март без публика, на оние љубители на фудбалот кои купија билети ќе им бидат вратени парите. Ако баражот се игра кон крајот на мај со публика, би требало да важат истите билети или бесплатно ќе бидат заменети.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести