Фудбалската федерација на Македонија може да добие парична казна доколку моментот од 18-тата минута, кога еден навивач му пречеше со ласер во очи на Џошуа Кимих при изведувањето на корнер, е забележано и заведено од делегатот на средбата помеѓу Македонија и Германија. Ваквите случаи не се толерираат и се казнуваат.
Кимих не се бунеше и без проблем го изведе корнерот. Последен пример беше казната од 30.000 евра, која УЕФА ја изрече за ласерот во очи на данскиот голман Каспер Шмајхел на Европското првенство на дуелот со Англија.