ФФМ на хумористичен начин го презентираше дресот за ЕП, играчите изненадени (Видео)

Фудбалската федерација на Македонија им го покажа дресот на репрезентативците со кој ќе играат на Европското првенство, прв честа ја имаше Езџан Алиоски, но тоа беше направено и на забавен начин, откако прво на играчите им беа покажани „лажни“ дресови, за да се види реакцијата на играчите. Алиоски и Стефан Ристовски имаа искрена реакција, а потоа и останатите позираа во дресот на кој нема светло црвена и жолта боја.

Снимка од настанот може да видите ТУКА.

Презентирани се и резервните варијанти, со објаснување за значењето на симболите.

Рисовите својот настап на ЕП го почнуваат на 13-ти јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести