Фудбалерите, но и навивачите на Тиквеш, реагираа за спорната ситуација во 61-вата минута, кога бараа корнер, но судиите покажаа гол-аут, а веќе во следната акција Вардар постигна погодок за 0-2.
Веднаш реагираа од Фудбалската федерација на Македонија и објавија видео снимка од спорната ситуација од која јасно се гледа дека фудбалерот на Тиквеш последен игра со топката и таа оди во гол-аут, што би значело дека одлуката на судиите е исправна, а голот на „црвено-црните“ во следната акција е регуларен.
„Врз основа на видео материјалите, се потврдува дека одлуката на судијата во конкретната ситуација е целосно исправна.“ – се вели во дел од соопштението кое го објави ФФМ.