Во пресрет на дуелот на Шкендија и Карабах, со соопштение се јавија од ФФМ. Од таму му посакаа успех на македонскиот тим и побараа да нема навреди и недолично навивање.
„Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ѝ посакува успех на Шкендија на вечерашниот натпревар во Лигата на шампионите против Карабах. Веруваме во тимот и се надеваме дека и понатаму ќе нè радува со настапите во европските купови.
Во пресрет на вечерашниот натпревар, апелираме до сите навивачи и љубители на фудбалот да навиваат спортски. Упатуваме повик до сите присутни да не подлегнуваат на провокации и да одбегнуваат навреди по било каква основа. Само со фер-плеј, достоинствено однесување и заедништво, чекор по чекор, да докажеме дека македонскиот фудбал може да напредува, на теренот и надвор од него.
Фудбалот обединува. Не смееме да дозволиме провокациите и навредите да бидат пред фудбалот, спортските и човечките вредности. Да покажеме дека знаеме да навиваме со страст, но и со почит. Фудбалот на прво место!“, порачаа од ФФМ.