ФФМ преку сопствена платформа ќе ги продава билетите за мечот Македонија и Велс

Фудбалската федерација на Македонија воведе новина кога се во прашање билетите за репрезентацијата. Така билетите за мечот од квалификациите за Светското првенство 2026 помеѓу Македонија и Велс ќе се продаваат по електронски пат преку сопствена онлајн платформа на ФФМ.

Преку eticket.ffm.mk подгответе се за натпреварот во неколку чекори.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално ја стави во употреба својата on-line платформа (eticket.ffm.mk) за продажба на влезници за натпреварите на македонската репрезентација.
Навивачите и сите поддржувачи на нашиот национален тим ќе можат да купуваат билети директно преку нашата нова веб-платформа, (eticket.ffm.mk), овозможувајќи побрз, побезбеден и поедноставен начин за поддршка на нашата репрезентација и домашните фудбалски натпревари.
Во неколку чекори подгответе се за натпреварот:
1. Посетете ја платформата eticket.ffm.mk;
2. Изберете натпревар;
3. Одберете седиште;
4. Извршете уплата;
5. Преземете го дигиталниот билет;
Со оваа платформа добивате: Безбедно и лесно купување на билети, предвремен пристап до влезници, дигитални и мобилни опции за нарачка и купување на влезници и ажурирање во реално време за достапноста на билетите.
Електронската платформа eticket.ffm.mk е достапна на македонски, албански и англиски јазик.
Посетете ја eticket.ffm.mk за повеќе информации и бидете дел од поинакво фудбалско искуство.
Напред Македонија!

- Оглас -

Најнови вести