ФФМ реши да го искористи членот 97: На Башкими му се одземаат трите бодови освоени на мечот против Кожуф

Скандалозниот меч на кој Башкими со 2:1 победи во Гевгелија против Кожуф доби епилог по седницата на Комисијата за натпревари на ФФМ, на седницата одржана на ден 16.05.2025 година.

Башкими победи со 2:1, а гостите дадоа „сомнителен“ погодок за победа во 90+4 минута. Според одлуката на ФФМ, мечот е поништен, а со тоа на Башкими ќе му бидат одземени трите бода доделени за победата.

По една ваква одлука, Башкими наместо 63 бодови, сега ќе има 60 бодови и ќе падне од второто на третото место на табелата, што значи дека ја губи позицијата која носи директен пласман во Прва лига за следната сезона. Оваа одлука е по член 97 кој вели дека натпреварот се прогласува за нерегуларен.

Во целост ви го ја пренесуваме одлуката на ФФМ, во која се вели:

„Комисијата за натпревари на ФФМ, на седницата одржана на ден 16.05.2025 година, донесе одлука со која го поништи натпреварот од 28. коло од Втора МФЛ помеѓу КОЖУФ Гевгелија и ФК БАШКИМИ 1947 Куманово, одигран на 06.05.2025 година во Гевгелија.

Натпреварот го евидентира како одигран, бодовите од натпреварот не се доделуваат на ниту една екипа, постигнатите голови не се евидентираат и не влегуваат во евиденција на дадени голови на фудбалерите.

Комисијата, имајќи го предвид Правилникот за натпреварување, но и етичкиот аспект на случајот, со цел заштита на интегритетот на натпреварувањето и зачувување на угледот на фудбалот како спорт, ја донесе оваа одлука со која се настојува да се избегне какво било легитимирање на неспортски и неетички дејствија, кои се спротивни на вредностите на Фудбалската федерација на Македонија.

Одлуки од Дисциплинска комисија на ФФМ

Дисциплинската комисија на ФФМ по пријава на Дисциплинскиот инспектор поведе дисциплински постапки за недозволено влијание на исход и тек на натпревар по член 72 – Наговарање против:

Пепи Ѓоргиев – спортски директор на ФК Кожуф;

Славчо Ѓеоргиевски – шеф на стручен штаб на ФК Кожуф;

Напоменуваме дека случајот не е затворен.

Одделот за безбедност и интегритет продолжува со активна проверка на сите релевантни аспекти поврзани со натпреварот, поради основано сомнение за нарушување на интегритетот на натпреварот.

Отворена постапка се води и за: Б.К. – ФК Кожуф, Б.Д.  – ФК Кожуф, Ј.П. – ФК Кожуф, К.С. – ФК Кожуф, Н.С. – ФК Кожуф“.

- Оглас -

Најнови вести