ФФМ со апел до Гостивар да ги почитува деновите на жалост во овие тешки мигови за Македонија

Од Фудбалската федерација на Македонија најавија дека во деновите на жалост, сите јавни активности ќе ги сведе на минимум, но едноставно не можеше да не се изреагира по серијата соопштенија и реакции кои во изминативе неколку денови ги прави ФК Гостивар, поврзани со мечот кој го одигра против Тиквеш во Кавадарци. Од Гостивар речиси секојдневно пишуваат соопштенија, па сега од ФФм решија да реагираат и тоа соопштение ви го пренесуваме во целост:

„Фудбалската федерација на Македонија, соодветно на моментот, во денови на жалост, се воздржува од активности кои не се во склад со почитта што ја искажуваме во овие тешки моменти.

Во тој контекст, сакаме да нагласиме дека ФФМ нема да се занимава со одредени интереси на клубови, ниту ќе разменува несоодветни дописи во овој период.

Веруваме дека сите фудбалски клубови имаат разбирање и ќе ги почитуваат овие денови соодветно.

Во таа насока, апелираме до ФК Гостивар да ги почитува овие моменти и своите интереси да ги брани и докажува на зелениот терен, наместо преку дописи и притисоци во јавноста. Посебно, што немаат никаква причина за тоа.

Во вакви моменти, фудбалот и спортот воопшто, треба да обединува, а не да се користи за дневни интереси, особено во денови на жалост.

Веруваме дека заедно ќе покажеме почит и достоинство.

Фудбалска федерација на Македонија“

- Оглас -

Најнови вести