12.8 C
Skopje
понеделник, 6 октомври 2025

ФФМ со важна информација за сите што ќе ја бодрат Македонија на гостувањето во Белгија

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе има поддршка од околу 1.000 навивачи на можеби најважниот натпревар за пласман на Светското првенство, против Белгија во Гент.

Билетите за гостинските навивачи веќе се продадени, но од ФФМ ги информираат сите кои веќе имаат купено билет како да се регистрираат во системот за да може непречено да влезат на стадион.

Драги навивачи на македонската репрезентација. Сите кои купивте ваучери за билет за натпреварот Белгија – Македонија, што ќе се игра во Гент (10.10.), ве известуваме дека на вашата е-пошта веќе е испратен e-mail директно од Белгиската фудбалска федерација (RBFA). Преку линкот во тој e-mail треба да се најавите (log in) и да ги активирате вашите билети (сè уште има релативно голем број неактивирани билети). За секој поединечен билет мора да се внесе име и презиме на лицето кое ќе присуствува на натпреварот. Доколку тоа не се направи, не ќе можете да влезете на стадионот. Ве молиме проверете го вашето сандаче (и Spam/Promotions папките) и завршете ја активацијата навреме. Навивајте фер и спортски“, велат од ФФМ.

 

- Оглас -

Најнови вести