Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави дека отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа во Кочани.
„Овој чин претставува недопустливо непочитување кон загинатите и нивните семејства. ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да не се повторат. За вакви нелуѓе нема место во фудбалот. Нека се огледаат на Шкендија Арачиново, која покажа достоинство и почит кон жртвите и целокупната ситуација во државата.
ФФМ пред неколку недели веќе ги испразни трибините со гостински навивачи во Струга поради недолично однесување и тоа ќе важи за сите – без исклучок. Фудбалот мора да остане спорт на почит и достоинство“, стои во соопштението на федерацијата.
На тетовскиот прволигаш му се заканува суспензија на домашниот терен во траење од 4 до 12 натпревари, плус парична казна.