Една од дилемите кои ги наметна пролонгирањето на сезоната во националните првенства, е што ќе биде со играчите чии позајмици се до 31 јуни или до крајот на сезоната. Некаде поради коронавирусот беше објавен предвремени прекин, па играчите кои настапуваа како позајмени, треба да се вратат во своите клубови со кои имаат валидни договори.
Завршија лигите во Холандија, Франција, Белгија, Шкотска, Мексико, Аргентина и Јапонија, па се поставува прашањето дали фудбалерите кои играа како позајмени во некоја од овие лиги, смее да игра за својот клуб по рестатирањето на сезоната на пример во Италија, Шпанија или Англија?
Правилата на ФИФА велат дека ако на некој позајмен играч сезоната му е прекината поради КОВИД-19, тој има право да биде регистриран за клубот од кој бил испратен на позајмица. Тука доаѓа до друг проблем, некои лиги не дозволуваат еден играч да направи повеќе од два трансфери во текот на сезоната.
Стивен Нзонзи сезонава играше за Галатасарај и Рен, па за него сезонава е завршена и нема право да се врати во Рома која го позајмуваше на две места. Но, на пример аргентинскиот голгетер Мауро Икарди, кој уште е играч на Интер, а сезонава настапуваше за француски ПСЖ, може да се врати во Интер и да игра за Нераѕурите до крајот на сезонава.