ФИФА ги казни Бразил и Аргентина поради нередите на „Маракана“

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги казни јужноамерикаснките фудбалски гиганти Бразил и Аргентина. Двете Федерации заработија парични казни поради нередите што се случија непосредно пред почетокот на нивниот меч на легендарната „Маракана“ во Рио де Жанеиро.

Мечот доцнеше 27 минути откако на трибините се случи тепачка меѓу гостинските навивачи и полицијата.

https://twitter.com/i/status/1727186567620649223

Бразил како лош организатор ќе треба да плати казна од 50.000 швајцарски франци, додека Аргентинците се казнети со 70.000 франци поради нередите кои ги направија нивните фанови. Аргентина за следниот меч како домаќин ќе може да користи само 50 отсто од капацитетот на стадионот на којшто ќе игра.

Аргентина победи со 1:0, а тоа беше меч од квалификациите за Светското првенство кое ќе се игра во 2026 година. Гаучосите моментално се лидери на табелата во јужноамериканските квалификации, додека Бразил е на шестото место.

- Оглас -

Најнови вести