Партизан демантира дека е суспендиран од ФИФА

Српскиот вицепрвак Партизан демантираше дека добил суспензја од Светската фудбалска федерација ФИФА и дека му била изречена казна за забрана на регистрирање на нови играчи. Денеска проструи шпекулација дека Црно-белите имале долг од 50.000 евра кон еден менаџер и затоа добиле суспензија.

Сепак, челниците на Партизан тоа го демантираат преку соопштение.

„Фудбалскиот клуб Партизан целосно ги подмири неплатените обврски врз основа на побарувањата во овој случај, а официјалната потврда за плаќањето е доставена до надлежниот дисциплински орган.

Во исто време, ја потсетуваме јавноста на наследената ситуација со натрупани долгови и проблеми. Во соработка со правниот тим, систематски работиме секој ден на решавање на преостанатите случаи и обврски што произлегуваат од претходниот период.

„Фудбалскиот клуб Партизан останува посветен на принципите на транспарентно и уредно работење, како и на соработката со сите надлежни институции“, се вели во соопштението на клубот.

- Оглас -

Најнови вести