3.8 C
Skopje
вторник, 16 декември 2025

ФИФА го суспендира Партизан, Црно-белите не смеат да купуваат играчи до 2027 година

Српскиот гигант Партизан е суспендиран до 2027 година и нема да може да донесе засилувања во следните три преодни рока, пишува „Спорт клуб“. Ова е казна што Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја изрече поради неисплатени плати на поранешниот фудбалер Патрик Андраде, кој го тужеше клубот, а оваа одлука се чини дека ги изненади сите во Хумска.

Дисциплинската и етичка комисија на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), на чело со Иван Николиќ, е одговорна за спроведување на оваа одлуката и мора да ја почитува наредбата од ФИФА.

Партизан е суспендиран поради неплатени средства по одлуката во случајот Патрик Андраде. Црно-белите го загубија случајот пред Арбитражниот суд за спорт (CAS) во Лозана и се должни да му исплатат на играчот од Капо Верде сума од 1,3 милиони евра.

Патрик Андраде го тужеше Партизан минатата година, што беше откриено кога во Хумска 1 пристигна новото раководство. Андраде играше за Партизан од летото 2022 до летото 2023 година, а откако случајот беше пред ФИФА, на крајот стигна до Судот во Лозана, кој застана во одбрана на играчот.

Покрај него, клубот го тужеше и агентот на Патрик Андраде, кому црно-белите му должат 270 илјади евра. Сето тоа поради фудбалер кој регистрира 26 натпревари, во кои постигна два гола и три асистенции и кому Партизан му даваше голема плата, а немаше средства да ја исплати.

Ова значи дека Партизан не само што нема да може да донесе засилувања за време на зимскиот преоден рок, туку нема да може ниту во летото 2026 година, ниту во зимата 2027 година. Секако, под услов ништо да не се промени во меѓувреме.

Во овој момент, Партизан исто така „гори“ поради евролиценцата и повторно мора да ги подмири бројните долгови до 15 јануари.

- Оглас -

Најнови вести