31.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

ФИФА ја казни Албанија поради инцидентот со Србија, Србите се револтирани дека казната е смешна

Албанскиот фудбалски сојуз е казнет поради инциденти за време на натпреварот против Србија, одигран на 7 јуни во Тирана, во рамките на квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја казни Албанија со 173.000 евра за фрлање предмети на теренот што ги погодија некои од играчите на гостинскиот тим.

„Оваа казна е последица на повторено несоодветно и пристрасно однесување од страна на одредени албански навивачи – вклучувајќи песни со пристрасна содржина, фрлање предмети, палење пиротехника и користење гестови или пораки несоодветни за спортски настан“, се вели во соопштението на ФИФА.

Исто така, на следниот домашен натпревар на Албанија, тој против Латвија, наредено е да биде затворен 20 отсто од капацитетот на стадионот.

Според српските медиуми, оваа казна за Албанија е смешна и многу мала. Мечот во Тирана заврши без победник (0:0), а Албанија промаши пенал во првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести