Македонската фудбалска репрезентација остана на 65-тото место и на декемвриското рангирање на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Нашата селекција остана со 1362,17 поени, па оваа 2023 година ја завршува зад селекции како што се Обединетите Арапски Емирати (64-то место), Ирак (63-то), Буркина Фасо (57-мо), Јамајка (55-то)…
Ако се гледаат само селекциите од Европа, Македонија е на 31-вото место од 55 репрезентации.
На врвот на листата е актуелниот светски првак Аргентина со 1855,2 поени, пред Франција со 1845,44 и Англија со 1800,05 поени. Во Топ 10 се уште и селекциите на Белгија, Бразил, Холандија, Португалија, Шпанија, Италија и Хрватска.
Во 2024 година, македонската репрезентација ќе влезе со Благоја Милевски како селектор, откако предводникот кој во последните речиси две и пол години е на чело на селекцијата ја доби довербата од Управиот одбор на ФФМ.