ФФМ немаше дилеми: Благоја Милевски останува селектор на Македонија

Благоја Милевски останува да ја предводи фудбалската репрезентација на Македонија и во следниот период. Управниот одбор при Фудбалската федерација на Македонија вчера заседаваше во Кичево и иако уште нема официјална потврда, sportsport.mk најавува дека решено е Милевски да добие продолжување на договорот.

На селекторското столче Милевски дојде на 1 август 2021 година, веднаш по завршување на Европското првенство, наследувајќи го Игор Ангеловски.

Со Милевски на чело, Македонија стигна до баражот за пласман на СП 2022, ја победивме Италија, но во најважниот меч загубивме од Португалија. Потоа следуваше разочарувачки период во кој Македонија одигра очајно во Лигата на нациите, а имавме и неуспешни квалификации за ЕП 2024 година, кога Македонија заврши на четвртото место во групата и остана без пласман на континенталниот собир следната година во Германија.

Договорот на Милевски истече со завршување на евроквалификациите и во овој вакуум период националниот тим официјално беше без селектор, а сега е решено да му биде продолжен договорот на Милевски и да ја предводи селекцијата во следните мечеви од Лигата на нации и во квалификациите за СП 2026 година.

- Оглас -

Најнови вести