Дисциплинската комисија на ФИФА му изрече суспензија на голманот на Аргентина, Емилијано Мартинес, поради непримерното однесување и удирањето на камерата на мечот од квалифиакциите за Светското првенство против Колумбија.
Голманот на светскиот шампион ќе биде надвор од составот на следните два меча на репрезентацијата, оние против Венецуела и Боливија од квалифиакциите за следниот Мундијал.
Аргентинецот лут после поразот од Колумбија ја удри камерата која го следеше на теренот после натпреварот, а сетоа тоа влезе во бележникот на официјалните лица на мечот.