ФИФА на 17 декември ќе го прогласи најдобриот фудбалер за 2020 година

За разлика од „Франс фудбал“, реномираниот француски лист кој одлучи да не ја додели Златната топка годинава, ФИФА на 17 декември ќе го прогласи новиот најдобар фудбалер во светот.

Наградите „The best“ ќе се доделуваат во шест категории: Најдобар фудбалер и фудбалерка, најдобри тренери во машка и женска конкуренција, како и најдобар голман во женска и машка категорија.

Исто така ќе се составува најдобриот тим за 2020 година во двете конкуренции.

За потсетување, Лионел Меси беше прогласен за најдобар фудбалер во 2019 година, Меган Рапино беше најдобра фудбалерка, додека за оваа година главен фаворит за престижната награда е Роберт Левандовски.

 

- Оглас -

Најнови вести