ФИФА направи хаос, се бунат и Аргентинците: Лудост е да играме осминафинале за два дена

ФИФА има мака со судиите, со погрешни одлуки со ВАР-системот, со загрозување на човековите права и доделувањето на организација на Мундијалот на земја што ги крши нив, а дека носи хаотични одлуки, потврдуваат критиките и од Аргентинците.

Тие се бунат на распоредот на натпревари и ќе треба да играат веќе задутре, во осминафиналето против Австралија.

„Лудост е да се игра меч во нокаут-фаза за малку повеќе од два дена по последниот меч што сте го одиграле во фазата по групи.

Колку е часот? Скоро е еден по полноќ, па тоа значи дека во петок имаме тренинг и во сабота ќе играме осминафинале. Па ние сме први во групата, тербаше да имаме повеќе одмор. Така било на сите Мундијали, но очигледно не и овде“, изјави Лионел Скалони, селекторот на Аргентина.

Гаучосите играа вчера во вечерниот термин од 20 часот против Полска, денеска ќе одморат, утре имаат тренинг, а мечот против Австралија е во сабота од 20 часот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести