30.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

ФИФА не дозволи Лапорт да се врати во Атлетик Билбао поради една необична грешка од Ал-Наср

Ајмерик Лапорт летово требаше да се врати во дресот на Атлетик Билабо, но тоа нема да се случи поради банална грешка. Шпанецот кој го носи дресот на Ал Наср имаше договорено трансфер во баскискиот тим, каде што настапуваше пред осум години, но ФИФА рече „стоп“.

Причина за нереализирање на трансферот е тоа што од Ал-Наср задоцниле неколку минути, па регистрацијата не поминала пред затворање на преодниот рок во Шпанија.

Според неколку извори, клучниот проблем бил меѓународниот сертификат (ITC/CTI) и влезот во TMS системот на ФИФА, кој Ал-Наср не го испратил до крајниот рок, поради што Атлетик сè уште не може да го потврди враќањето на 31-годишниот стопер.

Трансферот се подготвувал со денови. Лапорт се согласил на тригодишен договор со Баскијците, а Атлетик ги доставил своите документи до Ла Лига во предвидениот рок. Сепак, без меѓународниот сертификат за трансфер од Саудиска Арабија испратен навреме, регистрацијата не може да се потврди, па случајот преминува во надлежност на ФИФА.

Сега останува зимскиот преоден рок за Лапорт конечно да се врати во Атлетик Билбао.

 

- Оглас -

Најнови вести