25.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

ФИФА не го суспендира Израел иако Палестина тоа го бара веќе подолго време

Светската фудбалска федерација (ФИФА) одржа конгрес во Цирих на кој многумина очекуваа дали Фудбалската федерација на Израел ќе заработи некаква санкција. Сепак, ФИФА воопшто не донесе конкретна одлука за евентуална суспензија на Израел од меѓународните натпреварувања.

Единствено што беше направено е да се покрене истрага и да се формира одбор за истрага кој треба да ја донесе конечната одлука. Одборот кој го креираше ФИФА има дозвола да истражи наводно казнено дело „дискриминација“, кое беше пријавено од Фудбалската федерација на Палестина.

„Советот на ФИФА направи сериозна анализа на оваа чувствителна тема и врз основа на проценката, ги следевме советите на независните експерти. Насилството, кое е во тек во регионот, ни потврдува дека најпрво ни треба мир. Бидејќи сè уште сме шокирани за тоа што се случува, а нашите мисли се со оние кои страдаат, ги повикуваме сите страни да го вратат мирот во регионот што е можно поскоро“, рече првиот човек на светскиот фудбал, Џани Инфантино.

 

- Оглас -

Најнови вести