Светската фудбалска федерација ФИФА, донесе одлука да не го казни швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака, за носењето на маица на која пишуваше Јашари.
Србите тоа го сфатија како провокација до нив, бидејќи Адем Јашари е основачот на Ослободителната војска на Косово. Џака рече дека пораката не била за тој Јашари, туку за фудбалерот Ардон Јашари кој му е соиграч од националниот тим, и му ветил дека ќе му го посвети пласманот во осминафиналето.
ФИФА нема да го казни Џака, а српските медиуми пишуваат дека ФИФА испаднала наивна и поверувала во лагите на Гранит.