ФИФА објави како ќе изгледа новото Светско клупско првенство, Европа ќе има 12 тима

Светската фудбалска федерација ФИФА, објави детали околу новото Светско клупско првенство кое ќе се игра на секои четири години, а првото издание ќе биде од 15-ти јуни до 13-ти јули 2025 година и ќе се игра во САД.

Ова клупско СП ќе се игра на секои четири години.

Ќе учествуваат 32 тима, од кои 12 ќе бидат од европскиот континент. Од Европа сигурни се Челзи, Реал Мадрид, Манчестер сити, Баерн, ПСЖ, Интер, Порто и Бенфика. за останатите четири места ќе се борат Борусија Дортмунд, Атлетико, Лајпциг, Барселона, Јувентус, Наполи, Салцбург и Лацио, а Арсенал, Копенхаген, Реал Сосиедад и ПСВ би влегле само ако сезонава ја освојат Лигата на шампионите.

Инаку, од 2024, се враќа Интерконтиненталниот куп. Европскиот првак директно ќе има обезбедено место во финалето на 18-ти декември, а шампионите на останатите континенти ќе разигруваат за влез во мечот за титула.

- Оглас -

Најнови вести