23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

ФИФА објави клучен доказ зошто е признат голот на Јапонија против Шпанија (Видео)

Еден од најконтроверзните моменти на досегашниот дел од Светското првенство е моментот дали топката беше излезена надвор од теренот или беше во игра, во акцијата по која Јапонија го постигна вториот гол против Шпанија. Со тој погодок, Јапонија стигна до триумф од 2:1 над Црвената фурија, а најмногу настрада Германија која заврши трета во групата и остана без пласман во осминафиналето на Мундијалот.

ВАР системот покажа дека топката не била во аут со целиот свој обем, а од ФИФА објавија и круцијален доказ зошто погодокот на Јапонија е регуларен.

Каору Миотима беше играчот кој успеа да ја стигне топката да не излезе во гол-аут и асистираше за погодокот на Ао Танака.

„Вториот гол на Јапонија беше проверен по пат на ВАР системот за да се утврди дали топката ја поминала гол-аут линијата. ВАР судиите ги користеа камерите што се користат за гол-линијата, за да бидат сигурни дали топката делумно или целосно го напуштила игралиштето. Други камери може да понудат погрешни агли, а на овие достапни докази утврдено е дека топката не била во аут со целиот свој обем“, стои во соопштението на ФИФА.

- Оглас -

Најнови вести