ФИФА потврди: Следната година ќе има дуел на Меси и Јамал!

Светската фудбалска организација, ФИФА, и официјално потврди дека следната година ќе се игра дуелот на европскиот и јужноамериканскиот шампион, познат како Финалисима.

Учесници ќе бидат Шпанија и Аргентина, а тоа значи дека еден против друг ќе настапат Лионел Меси и Ламине Јамал. Мечот ќе се одигра помеѓу 23-ти и 31-ви март следната година, но точниот термин и локацијата треба дополнително да бидат потврдени.

Тоа ќе биде второ издание на Финалисима, откако во 2022 година, на „Вембли“ во Лондон играа Аргентина и Италија, а шампионот на Јужна Америка славеше со 3-0, со головите на Лаутаро Мартинес, Ди Марија и Дибала.

Ваков турнир се играл и во 1985 и 1993 година, но под името „Артемио Франки куп“, но во 2022 година, како и она што ќе се игра следната година, и официјално се организирани од ФИФА.

- Оглас -

Најнови вести