ФИФА промени едно правило за баражот за Светско првенство

Светската фудбалска федерација, ФИФА, објави дека го менува форматот на интерконтиненталниот бараж за пласман на Светското првенство во Катар.

Со новото правило, ќе се игра само еден меч, и тоа на неутрален терен. Првично беше планирано да се игра дома-гости, но тоа е сменето. На овие два меча, ќе разигруваат национални тимови од Азија (победник на плејофот), четвртиот од КОНКАКАФ (Северна и Средна Америка), Јужна Америка (петтиот на табелата од квалификациите), и најдобриот тим од Океанија.

Овие баражи, наместо во март како европските баражи во кои ќе учествува и Македонија, ќе се играат на 13-ти и 14-ти јуни 2022 година, а домаќинот на турнирот ќе биде Катар.

- Оглас -

Најнови вести