Голема трагедија се случи во Романија, каде што најмалку седуммина навивачи на грчкиот ПАОК загинаа во сообраќајна несреќа, во која има и повеќе повредени, пренесуваат романските медиуми.
Несреќата се случила во близина на Темишвар, на околу 80 километри од границата со Србија. Според првичните информации, навивачите на ПАОК патувале со комбе кое се обидувало да престигне од левата страна, влегло во спротивната лента, а од таму наишол камион, со кого имале директен судир.
Οχι ρε πο@στη , όχι …#PAOK pic.twitter.com/NkpLiwf8vp
— Veni,vidi,vici (@venividivici444) January 27, 2026
Комбето било речиси целосно уништено, а неколкумина навивачи веднаш починале. Според извештаите, навивачите патувале кон Лион во Франција, каде што ПАОК в четврток треба да игра во меч од Лигата на Европа.

