ФИФА размислува за промена на ВАР-правилото

 

Веќе втора сезона по ред ВАР-технологијата има значајна улога на фудбалските мечеви. Покрај многуте добри ефекти кои ги понуди со вистински проценки, ВАР-системот покажа дека има и недостатоци. Токму поради тоа следната недела во Белфаст ќе се состанат членовите на ИФАБ, телото на ФИФА задолжено за промена на фудбалските правила.

Со ВАР-технологијата се добива милиметарска точност околу многу спорни ситуации, но треба да се разграничи кога треба да се користи овој систем. Дури и судиите многу често не знаат да проценат кога да го користат, а навивачите се едногласни дека технологијата го „уби духот“ на фудбалот.

„Ова е нова технологија на која сите се навикнуваме. Ќе ги разгледаме предлозите и податоците кои ги имаме собрано од досегашното користење на ВАР. Треба да видиме дали може да направиме нешто со кое сите ќе бидеме задволни од ВАР-системот“, рече претседателот на ИФАБ, Патрик Нелсон.

Видеотехнологијата се користи во 25 земји во светот, а најнапредни се во Германија, каде што постои ВАР-систем и во втората Бундеслига.  Токму во втората германска лига изминатиов викенд се случи еден раритет кога на еден играч му беа поништени дури три гола на еден меч.

- Оглас -

Најнови вести