Легендарниот напаѓач со необичен хет-трик: ВАР му поништи три гола на еден меч (Видео+фото)

По воведувањето на ВАР технологијата, многу напаѓачи почувствуваа како е тоа залудно да се израдуваат на погодок кој подоцна ќе биде поништен. Сепак, тоа што викендов му се случи на легендарниот германски голгетер, Марио Гомез е за неверување.

На гостувањето кај Сандхаусен, голгетерот на Штутгарт даде три гола и сите три му беа поништени по консултација на ВАР системот. На крајот Сандхаусен славеше со 2:1, а Гомез остана да се чуди како тоа ниеден погодок не му е регуларен. Во сите три ситуации се работи за минимални офсајд позиции.

„Бев пријателски настроен кон ВАР системот, бидејќи треба да покаже праведна ситуација. Сепак, за нас напаѓачите тој е катастрофален. Системот каков што е во моментов е голема катастрофа“, револтирано констатираше Гомез, кој ни зкариерата блеската во дресот на Баерн Минхен.

 

https://youtu.be/NMoZuPZZOos

 

- Оглас -

Најнови вести