ФИФА сака да скине две ѕвезди од грбот на некогашниот светски првак

Само осум земји во речиси 100-годишната историја имале привилегија да бидат светски прваци. Аргентина, Бразил и Уругвај од Јужна Америка и Шпанија, Франција, Германија, Италија и Англија. Селекцијата на Уругвај е првиот светски првак од Мундијалот во 1930 година, а потоа успехот го повтори и 20 години подоцна.

Иако има само две титули светски првак, на грбот на дресот на Уругвај има четири ѕвезди. Тоа е така затоа што Уругвај беше Олимписки првак во 1924 и 1928 година, а бидејќи тоа се години пред формирање на Светското првенство, Уругвајците златните медали од Игрите ги сметаат како светски шампионски трофеи.

Уругвајците најавија контра аргументи со кои сакаат да ја срушат одлуката на ФИФА од носење само две ѕвезди на грбот. Доколку Уругвај успее да ја добие оваа „војна“, може да се случи и домино ефект, затоа што Велика Британија беше олимписки првак во 1908 и 1912 година.

Во еден ваков случај би профитирала и Белгија која беше домаќин на Игрите во 1920 година и на фудбалскиот турнир стигна до златниот медал.

 

- Оглас -

Најнови вести