Светската фудбалска федерација (ФИФА) за последен пат испрати опомена до Иран дека може да биде суспендиран, доколку не дозволи на стадионите да влегуваат и жени. Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино на 18 јуни испрати официјално писмо до претседателот на иранската фудбалска федерација Мехди Тај, во кое се вели дека оваа земја ќе мора да дозволи на стадионите да присуствуваат и жени.
Инфантино даде рок до 15 јули 2022 година Иран да го реши овој проблем, инаку ФИФА ќе превземе ригорозни мерки и ќе го исфрли Иран од сите натпреварувања.
Жените во Иран веќе со децении водат кампања за укинување на забраната за одење на стадион.