Македонците на ЛОИ: Филип Деркоски исплива со најдобро време во 2021 година

Филип Деркоски исплива со време 4:03:34 минути на патеката 400 метри слободен стил на Олимписките игри во Токио, што е негов најдобар резултат во 2021 година.

И покрај тоа што е личен рекорд за оваа година и подобро време од 76 стотинки од тоа со кое беше пријавен за Игрите, Деркоски заврши како последен во својата квалификациска група.

Деркоски е вториот македонски олимпиец кој настапи на Игрите во Токио. Утрово, Борјан Бранковски, не обезбеди пласман во финалето во 10 метри со воздушен пиштол откако квалификациите ги заврши под 20-тото место со 573 поени и просечна прецизност од 9,55.

Резултатот на Бранковски беше нов национален рекорд.

- Оглас -

Најнови вести