Филмска приказна на Демба Ба, Вест хем го криел од новинарите во багажник од автомобил

Демба Ба раскажа неверојатна приказна за англискиот медиум „Дејли Мејл“ и откри дека по наредба на раководството на Вест хем пристигнал во тренинг центарот на англискиот премиерлигаш во багажник од автомобил пред точно 10 години.

Причината била едноставна, новинарите не смееле да дознаат дека Сенегалецот, кој е роден во Франција ќе потпише договор со Вест хем.

Тоа се криело во строга тајност, бидејќи Ба тогаш играше за германски Хифенхајм,кој биеше битка за опстанок во Бундеслигата.

„Ми рекоа да се сокријам некаде пред да пристигнам во тренинг центарот, бидејќи новинарите не смееа да дзонаат дека ќе потпишам за Вест хем. Пријателот што ме возеше ми предложи да влезам во багажникот од авотмобилот. Едвај издржав, бидејќи просторот беше мал и постојано си ја удирав главата“, откри Демба Ба.

Во 2011 година од Хофенхајм се пресели во Вест хем, каде одигра само 12 меча и постигна 7 гола пред да се пресели истата година во Њукасл.

 

- Оглас -

Најнови вести