Филмска завршница, Сакраменто и Орландо го одиграа најдраматичниот меч сезонава во НБА (Видео)

Натпреварот помеѓу Орландо меџик и Сакраменто кингс со кој почна синоќешната богата програма во НБА лигата, уште долго ќе го паметат сите кои го гледаа. Гостите од Калифорнија победија со 126-123 по продолжение од пет минути, а победничкиот кош беше тројка на Дарон Фокс речиси од центарот на теренот.

Завршницата беше супер интересна, Орландо намали на 121-123 на 11,7 секунди до крајот, а пресингот им се исплатеше на Магичните, бидејќи ја украдоа топката и со забивање изедначија на 123-123 на 6,5 секунди до крај. Гостите беа во шок, добиениот меч им се лизна од раце, но Фокс со звукот на сирената погоди тројка од голема далечина и голема радост.

Фокс даде 37 поени, а голем придонес даде и Сабонис со 25 поени и 11 скока. Кингс почнаа со 0-5, а оттогаш имаат четири победи на наредните пет меча. Кај Орландо, првиот пик Паоло Банкеро беше одличен со 33 поени и 16 скока.

Бостон селтикс постави клупски рекорд од 27 погодени тројки, и победи против Њујорк никс со 133-118. Милвоки и понатаму нема пораз, а деветтата победа по ред ја извојуваа против Оклахома сити.

Ова е завршницата во Орландо со долгата тројка на Фокс како капак:

- Оглас -

Најнови вести