28.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Финалето на ЛШ добива нов термин

Фудбалска Европа со нетрпение ја ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите, а навивачите чекаат да видат против кого ќе играат клубовите за кои навиваат.

Предходно беше познато дека финалето ќе се игра на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта на 30 мај, а сега е потврден и точниот почеток на натпреварот.

УЕФА одлучи финалето од оваа сезона да започне во 18:00 часот, наместо во 21:00 часот како што беше досега. Оваа одлука е донесена со цел да се подобри искуството за навивачите, клубовите и градовите-домаќини.

„Нашата цел е да создадеме што подобро искуство за сите кои сакаат да присуствуваат, да се создаде одлична атмосфера, а истовремено и семејствата и децата да можат да присуствуваат на ваков натпревар. За навивачите кои патуваат, ова значи поголема достапност на јавниот транспорт, особено по завршувањето на мечот, и побезбеден пат кон дома од стадионот. За домаќините ова е важно и од економска гледна точка, бидејќи навивачите ќе имаат повеќе време да го прослават триумфот на својот тим“, изјавија од УЕФА.

Важно е да се напомене дека промена на термин се однесува само на финалето. Натпреварите од групната фаза, осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето на Лигата на шампионите ќе продолжат да започнуваат во 21:00 часот.

- Оглас -

Најнови вести