14.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Финалето во ЛШ ќе се емитува на новиот стадион на Тотенхем

Oд раководството на Тотенхем потврдија дека финалето во Лигата на шампионите ќе се емитуа во живо на нивниот нов стадион. Вратите ќе бидат отворени за сите навивачи на „петлите“ кои нема да патуваат за Мадрид на 1 јуни, за да можат во добра атмосфера да пружат поддршка за својот тим, иако нема да бидат покрај нив.

Ќе се искористи максималниот капацитет на стадионот, што значи дека 62,062 навивачи од Лондон ќе го бодрат Тотенхем во нивниот историски поход кон европската титула. Планирани се неколку оргомни екрани кои ќе бидат поставени на средина на теренот, така што сите трибини ќе може да уживаат во спектаклот.

Избраниците на Маурисио Покетино по чудесниот пресврт над Ајакс среде Амстердам за првпат ќе се појават во финале на едно европско натпреварување, а таму ќе се соочат со петкраниот европски првак Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести