3.8 C
Skopje
вторник, 16 декември 2025

„Финалисима“ ќе се игра на 27 март во Катар

Натпреварот „Финалисима“, на кој ќе се сретнат репрезентациите на Шпанија и Аргентина, ќе се одигра во март 2026 година, соопшти претседателот на Кралската шпанска фудбалска федерација, Рафаел Лузан.

„Овој сон, наречен ‘Финалисима’ ќе стане реалност во март. Близу сме до договор по ова прашање со УЕФА и ја очекуваме официјалната потврда“, изјави Лузан за „Ел Чирингито“ на социјалната мрежа „Икс“.

Натпреварот е закажан за 27 март на стадионот „Лусаил“ во Катар. Шпанија ќе настапи како актуелен европски шампион, а Аргентина како освојувач на Копа Америка.

- Оглас -

Најнови вести