Финиш на првата сезона од Спортска прогноза: Типувајте до 15:30 часот

Спортската прогноза викендов го има своето последно коло за првата сезона на Спорт Манија. Игра која беше нешто ново кај нас и целосно бесплатна, прифатена од голем број обложувачи, кои беа во трка за освојување на мобилните телефони  „iPhone XS“, и „Samsung galaxy А6“, како и вредносните ваучери од Sport Life обложувалниците.

Покрај стандардните награди во секое коло, оние кои беа наредовни, но и најдобри прогнозери, сега се во трка за наградите на Генерален пласман, каде може да добиете електричен тротинет, потоа и за велосипед Capriolo passion men и за ваучерите од 1.000, петстотини и двеста денари.

Последното коло, или 17-то за сезоната 2018/19, ќе почне во сабота, во 15.30 часот со мечот од  Бундеслигата меѓу Хофенхајм и Вердер, а до тој термин можете да учествувате со свои прогнози во финалната рунда. Затоа не чекајте многу и прогнозирајте.

* Доколку не се добие победник во Генералниот пласман по последното коло на Спортска прогноза, односно неколку прогнозери имаат еднаков број точни прогнози, за нив ќе следува едно дополнително коло, по кое ќе се одреди победникот. Во случај и тогаш да не се издвои најдобар прогнозер или, пак, од второ до петто место ќе се сметаат учиноците според секое коло (пример: прогнозерот со 5×10 точни прогнози е подобар од прогнозерот со 4×10 точни прогнози).

- Оглас -

Најнови вести