Финишот е за Кожув, победа од 74:60 против Охрид

Кошаркарите на Кожув лесно го препливаа Охрид и со одлична игра во последната четвртина го добија мечот со 74:60. Неизвесноста околу победникот гостите ја разрешија со супер одбрана во текот на целиот меч, особено во последните 10 минути, кога примија само 8 поени, а дадоа 18.

Девонте Вилијамс со 20 поени беше прв стрелец кај гостите, а го следеа Ивелја со 15 и Кесар со 14 поени.

Дрекаловиќ и Младеновиќ со по 13 поени беа најефикасни кај домашниот тим. Охрид го претрпе деветтиот пораз и остана на осмата позиција во конкуренција на 11 екипи, додека Кожув сега има 50 отсто биланс со шест победи и исто толку порази и е на седмото место.

- Оглас -

Најнови вести