Фиорентина го декласира слабиот Милан

Милан е во голема криза, а тоа го искористи и Фиорентина за победа од 3:1 на гостување во Милано. Виолетовите го декласираа гигантот, а можеа да слават и поубедливо ако Федерико Кјеза го погодеше вториот пенал за Фиорентина.

Ерик Пулгар беше прецизен од белата точка за 0:1 во 14-тата минута, а Кастровили зголеми на 2:0 во 66-тата минута, откако Мусакио беше исклучен во 55-тата минута кај Милан.

Потоа Кјеза утна пенал, па Рибери го поправи киксот на соиграчот со прецизен удар во 78-мата минута, а почесен гол за домаќините постигна Леао.

Милан има четири порази во стартните шест кола во Серија А и со шест бода е 16-ти во конкуренција на 20 екипи. Фиорентина скокна на 9-то место со 8 бодови.

- Оглас -

Најнови вести