14.8 C
Skopje
сабота, 22 ноември 2025

Фиорентина и Јувентус поделија по бод во Фиренца (Видео)

Фиорентина го пречека Јувентус на „Артемио Франки“, а еден од дерби натпреварите во 12-тото коло од Серија А, заврши без победник, 1-1.

Дуелот почна бурно.

Во 14-тата минута Душан Влаховиќ успеа да се избори за позиција пред Пабло Мари, влезе во шеснаесетникот и падна. Судиијата веднаш посочи на пенал, но по преглед на ВАР одлуката беше сменета – проценето е дека Влаховиќ прв го повлекол дефанзивецот, иако ситуацијата беше крајно дискутабилна.

Во тие моменти продолжија и навивачките навреди кон Влаховиќ од трибините, при што дел од повиците беа расистички.

Фиорентина ја имаше најголемата шанса во 25-тата минута. Моите Кен поведе полуконтра, сам се одлучи да ја заврши акцијата, но неговиот удар заврши во гредата. Уште еднаш се закани и Паризи, но резултатот остана непроменет сѐ до длабоко во надополнувањето.

Во шестата минута од продолжението, Филип Костиќ ја донесе предноста за Јувентус. Играта се одвиваше пред казнениот простор, Костиќ ја прими топката на дваесет метри и со прецизен удар го матираше беспомошниот Давид де Хеа.

Но, веднаш по стартот на второто полувреме следуваше реакција од Фиорентина.
Роландо Мандрагора во 48-та минута од околу 30 метри испрати вистински „проектил“ во горниот десен агол за 1-1.

Во продолжението Јувентус беше поопасен. Де Хеа одбрани одличен удар со глава на Меккени, а Камбијасо постојано создаваше проблеми по десната страна.

Сепак, ниту една од екипите не успеа да постигне нов гол, па мечот заврши со поделба на бодовите.

- Оглас -

Најнови вести