Фиорентина и официјално го пронајде наследникот на Стефано Пиоли на тренерската позиција. Се работи за 53-годишниот тренер, Паоло Ваноли, кој минатата сезона му беше тренер на Елиф Елмас во Торино.
„Виолетовите“ од Фиренца играат катастрофална сезона и во моментов се на последното, 20-то место во Серија А со само четири бода од 10 меча, па Ваноли ќе има и тоа како тешка работа да ги спаси од испаѓање.
Ваноли во својата тренерска кариера, освен во Торино, бил тренер и на Венеција и Спартак Москва, но и селектор на репрезентациите на Италија за фудбалери до 18 и 19 години.

