Фиорентина официјално потврди дека тренерот Рафаеле Паладино повеќе нема да биде на клупата на Виолетовите, откако двете страни се договориле за взаемен раскин на договорот. Разделбата доаѓа помалку од еден месец откако Паладино го продолжи договорот до летото 2027 година.
Според италијанските медиуми, 41-годишниот стратег неочекувано поднел оставка, а раководството на клубот не успеало да го разубеди да остане. Така, Паладино си заминува од „Артемио Франки“ по само една сезона, во која Фиорентина заврши на шестото место во Серија А со 65 освоенибодови (19 победи, 8 ремија и 11 порази), обезбедувајќи си четврто последователно учество во Конференциската лига, каде оваа сезона стигна до полуфиналето.
Како можни наследници на Паладино се споменуваат неколку имиња, меѓу кои се Марко Барони, Стефано Пиоли, Франческо Фариоли и Даниеле де Роси.