Фиорентина конечно се радуваше на победа на меѓународната сцена, совладувајќи го Сигма Оломук со 2-0 на „Артемио Франки“. Головите ги постигнаа Пиколи и Ндоур.
Абердин не успеа да ја искористи поддршката на „Питорди“ и претрпе пораз од Шахтјор со 2-3 во еден од највозбудливите натпревари. Домаќините поведоа со пенал на Карлсон, но украинскиот тим преку Назарна израмни, а во вториот дел Лукас Фереира и Енрике го донесоа Шахтјор во водство од 1-3. Девлин го намали резултатот до крајот на мечот за конечни 2-3.
АЕК Ларнака запиша стартни три бода, славејќи со 4-0 против фаворитот АЗ Алкмар. Головите ги постигнаа Рубио, Ивановиќ, Баљиќ и Роден, а АЗ Алкмар остана со играч помалку уште во втората минута по црвениот картон на Пенетра.
Во останатите мечеви од Конференциската лига постигнати се следните резултати: Легија – Самсун 0-1, Целје – АЕК 3-1, Раков – Универзитатеа Крајова 2-0, Слован Братислава – Стразбур 1-2, Спарта Прага – Шамрок 4-1.